Informacii za kupuvacite / stanarite | Square | Skopje

Зошто да не изберете нас?

Мислите дека е премногу да одите ден по ден од еден недвижен имот до друг во потрага по совршениот имот? Изморени сте да прашувате за понуди и да чекате одговор? И кога мислите дека го најдовте, во живо не изгледа ни половина добро како на сликите. Ве разбираме!

Имаме скоро две децении маркетиг искуство во продажби на недвижности на четири рзлични пазари – Украина, Србија, Чешка и од сега и во Македонија, со вкупно население повеќе од 50 милиони луѓе. Нашата цел е да обезбедиме најтранспарентна и професионална услуга за купувачот/станарот и за сопственикот, со нудење на најтранспарентна презентација на имотот, да ги наведеме најважните работи за него, за да бидете апсолутно запознаени што да очекувате кога ќе ја закажете посетата, без апсолутно никаква провизија за купувачите и станарите.

Професионална презентација на имотот.

Ова го кажуваме на секој сопственик на имот:

"Процесот на создавање на презентацијата на имотот е од клучно значење за успехот. Презентацијата мора да биде 100% транспарентна со цел да се заштеди вашето време, и времето на потенцијалениот купувач/станар со прикажување на имотот во вистинско светло, на вистинскиот клиент."

Искуството од гледањето на презентацијата онлајн мора да се совпаѓа со искуството во живо.

Едноставност на користење на платформата.

Едноставно кажано, со нас она што го гледаш е она што го добиваш. Нашата Веб платформа е 24/7 ажурирана, се што гледате на платформата е секогаш достапно за гледање. Само пополнете го формуларот на имотот што ви се допаѓа, и веднаш ќе ви се јавиме, или може да ни се јавите на +389 76 912 972.

Експертско советување во текот на целиот процес.

Може да се потпрете 100% на нашата поддршка во текот на целиот процес на купување или изнајмување на вашиот нов имот. Со нашето огромно искуство во продажбата, долгорочните и краткорочните изнајмувања, точно ја знаеме вистинската вредност на секој имот и ќе помогнеме во преговорите.

Склучување на договорот.

Последниот чекор, договорот е склучен. Штотуку го купивте или изнајмивте недвижниот имот, сега е време за бирократија. Не грижете се, знаеме дека документацијата може да биде заморна и затоа нашите членови на правниот тим ќе ве поддржат со сите правни прашања до крајот. За било какви дополнителни информации слободно контактирајте не.

Agencija za Nedviznosti Square nudi najniski i najtransparentni provizii na pazarot za prodazba i izdavanje stanovi. Za kupuvanje i iznajmuvanje ne naplakame provizija..

Што велат нашите клиенти